Четири реченици што ниту една бремена жена не сака да ги слушне во текот на 2020 година

од Vladimir Zorba

Бремените жени се секогаш мета на бројни коментари, но во текот на 2020 година тие се предмет на комплетно нова серија несакани забелешки. Додека некои од овие коментари се добронамерни, тие едноставно не се корисни.

Еве четири работи што жените, кои ќе станат мајки во 2020 година, не сакаат да ги слушнат:

1. Не грижете се, нема докази дека Ковид-19 се пренесува од мајка на дете

Иако ова е веројатно добронамерна изјава, идната мајка, наместо да најде утеха во неа, веројатно ќе и предизвика дополнителен страв. Сè е многу неизвесно, па затоа е сосема разумно да се прифати грижата на бремената жена за своето неродено дете.

2. Животот ќе се врати во нормала

Доаѓањето на новороденче во семејството е само по себе важен настан што целосно ќе го промени претходниот „нормален“ на секое семејство. Но, сега се случува овој огромен животен настан поради пандемија и никој не може да и вети на идната мајка дека наскоро сè ќе биде како што беше порано.

3. Треба да размислите за породување дома

Секоја жена е различна и никој не смее да и го наметнува своето мислење. Значи, додека некои мајки избираат да раѓаат дома со цел да имаат поголема контрола врз ситуацијата и да ја елиминираат можната за изложеност на Ковид-19, тоа е нешто што не треба да се наметнува на секого. Исто така, домашното раѓање во Македонија е во „сивата зона“. Имено, „иако домашното раѓање со години не е дел од вообичаената здравствена заштита на бремените жени, тоа не е забрането.

4. Ова е најлошата година досега

И покрај сè, повеќето бремени жени и жени кои станаа мајки оваа година ќе ја паметат 2020 година како една од најубавите години во нивните животи.

На крајот, идните и новите мајки прават најдобро што можат и веројатно не им треба личен совет освен ако не го побараат тоа. Понекогаш им треба само некој да ги слуша.

Слични содржини