Четири случаи за два дена: Мажи во Хрватска изолирани поради сомнение за коронавирус

од Nikola Popovski

Во општата болница во Винковци, Хрватска, наводно се пријавени двајца пациенти, за кои се сомневаат дека се заразени со коронавирусот.

Болницата не сакаше да дава никакви изјави засега, но тие најавија прес-конференција во рок од 16 часа. Неофицијално, случајот се однесува за двајца кинески државјани, според порталот Индекс.

Ова е трет и четврти  осомничен со коронавирус во Хрватска, по вчерашните случаи од Џaково и Сплит.

Пациент од Џаково, на десеттиот ден по враќањето од Кина, добил температура од 38 степени, и веднаш бил примен во болница во Осијек, каде што е сместен во карантин.

Медицинската наоди на 26-годишен пациент од Џаково покажа дека тој немал коронавирус.

Маж за кој постои сомневање дека има коронавирус, вчера беше примен во Клиничкиот болнички центар во Сплит.

Сè уште не е познато дали човекот, кој од недела е во изолација на Клиниката за инфективни болести, бил заразен со коронавирус, затоа што ги чекаат наодите од Загребската клиника за инфективни болести „Д-р Фран Фран Михаљевиќ“.

Според неофицијалните информации на Слободана Далмација, првото откритие за анализа на неговата крв и брисеви од носот и грлото е негативно.

Слични содржини