Актуелно
Почетна / Хроника / Четворица приведени, во сообраќајна незгода за време на полицискиот час во Тетово

Четворица приведени, во сообраќајна незгода за време на полицискиот час во Тетово

Четири лица се повредени вчера на автопатот Гостивар-Тетово, во близина на натпатникот за тетовско Горно Седларце, кога патничко моторно возило „фолксваген поло“ управувано од 19-годишната А.Р. од тетовски Пирок, загубило контрола и излетало од коловоз. Сообраќајката се случила во време на полицискиот час, односно во 22 часот и 30 минути.

Полициски час

Од излетувањето, возачот и тројца сопатници во возилото на возраст од 36, 39 и 42 години, сите од Пирок, со задобиени телесни повреди пренесени се во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово, соопшти тетовската полиција.

Инаку во текот на март годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, на поширокото тетовско подрачје, вкупно откриле и законски санкционирале 968 сообраќајни прекршоци, а биле контролирани 1795 возила. Откриените сообраќајни прекршоци во март, заокружени се со 225 прекршочни, 252 мандатни плaтни налози и 491 писмена опомена, додека времено биле одземени 42 возачки и 38 сообраќајни дозволи.

loading...