Четворица загинати во невреме во Истанбул (ВИДЕО)

од Milan1

Најмалку четири лица загинаа, а девет се повредени во силното невреме што денеска го зафати Истанбул и некои други градови во Турција. Невремето предизвика хаос во најголемиот турски град со 15 милиони жители, пренесе АП.

Ветерот откорнал дрвја, а се превртеле и најмалку три камиони. Четири лица загинаа, а 19 се повредени како последица на невремето кое денеска го зафати Истанбул. Една од жртвите е странска државјанка, а од повредените три лица се со сериозни повреди.

Причинета е и материјална штета. Ветерот, кој достигна брзина од 130 километри на час, откорнал дрвја, а се превртеле и најмалку три камиони.

Според новинската агенција „Анадолија“, најмалку шест авиони на „Туркиш ерлајнс“, што требаше да слетаат во Истанбул, се пренасочени кон Анкара и Измир.

Силниот ветер ги принуди властите да ги откажат и траектните линии меѓу крајбрежните летувалишта Бодрум и Кас.

Слични содржини