Четврт случај на коронавирус во Лос Анџелес, жена од Австрија ставена во карантин

од Nikola Popovski

Здравствените службеници во округот Лос Анџелес го потврдија четвртиот случај на новиот коронавирус во САД во неделата. Одделот за јавно здравје на округот Лос Анџелес објави дека заразено лице се обратило за нега откако забележал дека не се чувствува добро и во моментов е на лекарска помош.

Инфицираното лице е патник од Вухан од Кина. Претходните три случаи беа дијагностицирани во окрузите Оринџ, Калифорнија, Вашингтон и Чикаго. Центрите за контрола на болести го потврдија случајот од округот Оринџ.

Пациентот е изолиран во болницата и е во добра здравствена состојба. Првите двајца пациенти биле дијагностицирани во Вашингтон на 21 јануари и Чикаго на 24 јануари и двајцата отпатувале за Кина.

Откако кај кинеска стјуардеса, која беше доведена во болница доцна во саботата,  е откриено дека не е заразена со коронавирус, Австрија има нов случај на сомнителна инфекција со овој вирус, за кој однесе голем број човечки животи во Кина.

Директорот на Виенската асоцијација за болници (КАВ), Мајкл Биндер изјави дека кинески државјанин бил примен во болницата во неделата вечерта. Новиот пациент живее во Австрија, но бил на одмор во кризниот регион во Кина и како што истакна, добил симптоми како што е висока температура. Пациентот се наоѓа во изолиран дел од болницата и допрва треба да се утврди дали станува збор за коронавирус. Резултатите од тестот се очекува да бидат познати денес.

Во случајот на кинеската стјуардеса, која беше првата личност во Австрија за која постоење сомневање дека е заразена, не е идентификуван новиот вирус, соопшти болницата.

Слични содржини