Четврта жртва од коронавирусот во Италија: Заразено повеќе од 165 луѓе

од Aleksandar Petrovski

Во Италија од коронавирусот почина и четврто лице.

Се работи за 84-годишен маж од Ломбардија кој бил хоспитализиран во болница, пренесува Анса.

Тој починал во Бергамо, а официјалните лица велат дека имал хронични болести.

До сега во Италија заболеа повеќе од 165 лица од коронавирус, пред се во покраините Ломбардија и Венето на северот на Италија.

Слични содржини