Четврти пораз во низа на МЗТ Скопје во АБА 2

од Aleksandar Petrovski

МЗТ Скопје го доживеа својот четврти пораз по ред во АБА-2 лига. Тимот од Аеродром изненадувачки загуби од српски Динамик со 82-84 (38-44) во последниот меч од 20. коло од регионалната лига.

МЗТ во поголемиот дел од мечот бркаше негатива, која во второто полувреме беше и двоцифрена за гостинскио тим, но во финишот успеа да намали на два поени негатива, па дури и да има шут за победа.

Сепак Хиндс промаши тежок шут за тројка, по кој „металците“ запишаа втор пораз на домашен терен и вкупно осми во АБА-2 лигата.

Олуџоби со 24 поени беше најдобар за домашниот тим, додека кај гостинот Пашалиќ реализираше 21 поен. Во наредното коло во регионалното натпреварување, скопскиот тим ќе гостува кај Нови Пазар.

Слични содржини