Четврти земјотрес во Иран во изминатите два дена, најмалку 25 повредени

од desk4

  Најмалку 25 луѓе се повредени во денешниот земјотрес со интензитет од 5,8 степени по Рихтеровата скала во западниот дел од Иран.

Во таа држава вчера беа регистрирани три потреси во кои се повредени речиси 290 луѓе.

Според властите, во провинцијата Керман засега има информации за 25 тешко повредени.

Епицентарот на земјотресот бил на 37 км источно од градот Керман на длабочина од 10 км.

Во западната провинција Керман вчера беше регистриран земјотрес со интензитет од 5,9 во кој повредени се 287 луѓе. Претходно имаше два потреса со интензитет од 4,7 и 5,7 степени во кои има само материјална штета

Слични содржини