Четвртиот пакет мерки в недела, можна е и нова помош од јануари, најави премиерот Заев

од Берта Китинска

Во недела, владата ќе ги објави мерките од четвртиот пакет најави премиерот Зоран Заев.

-Денеска се одржуваат последните консултации на економскиот тим министри со претставници на коморите, а за утре е закажан состанок на вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска со Економско социјалниот совет.Мерките се однесуваат на период до крајот на годината и дел ќе се носат преку одлуки на Владата, еден дел треба да поминат во Собранието, изјави Заев.

Премиерот најави дека е можно во декември да се разговара за следни пакети за од јануари до март, април, мај, зависно од тоа какви ќе бидат предвидувањата.

 

Слични содржини