Чие било увото и кој му наредил да слуша?

од Vladimir Zorba

Премиерот Никола Груевски вчера во обраќање пред јавноста имаше обемно, жестоко и контраверзно објаснување на случувањата во аферата „Пуч“ и нејзиниот можеби главен атрибут прислушувањето на телефонски разговри.

gruevski vlada

Наводите на премиерот (кои подолу ги пренесуваме во целост) за странската служба која стои зад снимените разговори, за начините на кои е тоа направено и за упадот во безбедносниот систем предизвикаа исто така жестоки реакции.

Универизитетскиот професор, Стефан Буџакоски, во врска со овие наводи, но и целокупната атмосфера што владе во државата, вели дека тоа што странски разузнавачки служби прислушуваат не е никаква новина, туку повеќе загрижува упадот на партиите во домашниот безбедносен систем, нивната поделеност и делување за свои интереси, кои не и се од корист на државата.

– Во Македонија се случува втор пат да се изнесуваат прислушувани разгвори во политички цели, што не е добро. Не мислам дека станува збор за упад во безбедносните служби од страна, туку ние низ годините не дораснавме да го користиме безбедносниот систем во служба на граѓаните. Одговорноста е и кај политичките лидери, независно дали се во опозиција или позиција, кои треба да ги остават службите да си ја работат својата работа. По последните случувања партиите морад да седнат маса и да изградат кодекс на политичко однесување во кое главниот интерес ќе им биде Македонија – вели Буџаковски.

Неговиот колега, Владимир Пивоваров пак со резерва ги гледа наводите за инволвираност на странски служби во аферата со прислушувањата.

– Ние не знаеме дали е така. Такво нешто мора да се докаже. Доколку странска држава преку своја разузнавачка служба преземала такви работи тоа би предизвикало дипломатски скандал од огромни размери, и би биле сведоци на фрчење од демарши до протерување на дипломатски претставници. Од друга страна таргет на странски служби се мала група на лица кои им се од интерес по разни основи, овде, според едни извори се зборува за прислушување на 20.000 луѓе – вели Пивоваров.

За мобилната опремата која наводно се користела, професорот вели дека доколку имало клонирање на базните станици мобилните оператори тоа сигурно ќе го забележале и морале да го пријават.

– Се зборува за движење на таа мобилна опрема во центарот на Скопје, но што е со базните станици надвор од главниот град. Таков следење на комукациите е изводливо, но не и безбедно во смисла дека не може да се открие. Мобилните оператори би го забележале тоа преку промени во сигналот и за тоа по законска должност морале да ги известат службите- смета Пивоваров.

За времето кое се сугерира, дека прислушувањето траело неколку години, тој вели дека ако е така тогаш службите „не ни се швајцарско сирење туку гола вода“.

– Службите посветуваат големо внимание на превенрање од вакви активности, а тоа го прави и нашата. Но ако вака се прислушувале највисоките државни функционери, тогаш безбедносниот систем ни е гола вода. Претставниците на највисоките државни органи по сите безбедносни параметри користитат кодирани телефони со посебна енкрипција. Јас сум користел таков, додека извршував функција во безбедносниот сектор. Но тука има и еден друг проблем што ние сите се фаќаме за техничкиот апсект на прислушувањето, но не и на содржината на разговорите, кои можеби не директно, но индиректно можеби даваат индиции за можни сторени кривични дела – вели Пивоваров, додавајќи дека со самото изнесување на детали од правосудна постапка од страна на претставник на извршната власта говори дека во држвата е погазена правната наука и целиот правен систем.

ЕВЕ КАКО ПРЕМИЕРОТ ГО ОБЈАСНИ „ПУЧ“

– Според досегашните сознанија кои ги добив од МВР зад снимањето стои странска разузнавачка служба чиј главен соработник во Македонија е лицето З.В. кој развил своја агентурна мрежа во Македонија. Во неговиот лаптоп покрај останатите работи пронајдени се и транскрипти од телефонски развори преведени на англиски пред кои стои опис на имињата на лицата кои го водат разговорот и нивните меѓусебни релации, а исто така во материјалите има и политичка анализа. Според овие информации и според други со кои располагаат институциите и кои се обезбедни во процесот јасно е дека материјалот бил наменет за надворешни лица кои не го разбираат македонскиот јазик и кои не доволно добро ги знаат политиките и други јавни личности во Македонија. Да се опише кој со кого зборува какви фунакции имаат и кои се нивните меѓусебни односи со цел нарачателот да има целосно и јасна слика со анализа поткрпена со транскрипти од конкретни разговори од истакнати личности од политичкиот живот. Дел од материјалот пронајден каја З.В. бил пронајден и во компјутерот на неговата сoпруга која го користела на нејзиното работно место во една финансиска организација сопственост на приватна компанија од една соседна држава. За тоа дали З.В. и неговото семејство имале одредени незаконски дејствија укажуваат нивните панични реакции со секира да го скршат компјутерот, низ прозор да ги фрлаат мобилните телефони во кои испраќањето пораки било со шифри со комбинација на броеви и за нивната инволвираност прибавените докази МВР ги достави во обвинителството и ќе бидат презентирани пред судот.

Kоj ги снимал разговорите?

Откако Зоран Заев ми ја упати заканата МВР реагираше и регистрираше два начини на кои се снимани разговорите.

Првиот: Според сведочењето и признанието пред истражните органи во правосудната псотпка на двајцата од притворените лицето З.В. врбувало две лица кои му помогнале во снимањето на материјалите за што добиле парична надомест. Двете лица го признаа делото пред истражните орагани, од кои едното е веќе осудено. Лицето Ѓ.В. кое патем во времето кога З.В. извршувал висока функција бил негов прв соработник, откако се соочил со доказите на МВР и обвинителството го признал делото признајвајќи дека како познаник и соработник на З.В. на негово барање го врбувал З.К вработен во УБК, кој е најискусниот инженер во МВР и во УБК и кој работел на опремата за следење на комуникаци која се користи само во законска постапка. Тој му кажал дека на З.В. му се потребни снимени материјали со цел нивно давање на странска служба, а зради нејзини потреби за следење на политичките и општите состојби во Македонија, а за тоа му била ветена и во повеќе наврати била реализирана парична награда. Материјалите биле доставувани до трет фактор заради анализа и други дејствија. З.К. ја прифатил незаконската понуда и нелегално ги приклучувал на снимање сите броеви кои доаѓале како нарачка од З.В., а со посредство на Ѓ.Л. Снимените материјали ги предавал на Ѓ.Л. а овој на З.В. за што следувала паричната награда. И двајцата пред истражните органи изјавиле дека биле убедени дека снимените материјали ќе завршат само кај странска разузнавачка служба и нема да бидат објавени јавно што им влеало надеж дека никогаш нема да бидат разоткриени. Кај двете лица по извршените протрес и проверки најдени се материјални докази за истото и поголеми кличини на пари и акции. Во претресот на лицето З.К. пронајдени се и цедиња со снимени разговори и тоа е пронајено токму во неговата канцеларија. Снимањето според нивните искази започнало во 2010 година.

Вториот начин е со т.н. тактичка опрема. Откако Зоран Заев почна да ги упатува заканите кон мене МВР покани врвни експерти за оваа проблематика од позната странска компанија која со воја опрема изврши проверки и утврди дека повремено на различни локации главно во центарот на Скопје непознат сторител врши нелегално прислушување и снимање на телефоснки разговори користејќи мобилан опрема чија локација постојано се менува, а функционира по принцип на клонирање на т.н. базни станици. Се правела промена на положбата, а во радиус од околу два километри од институциите главно во центар од каде се лоцирале телефоните на државниот врв и носителите на јавни фукции. И таа опрема ја вклучувале во одреден период од денот најчесто од 12 до 18 часот во текот на денот. МВР за ова има и писмен извештај за наодите од нивната работа, но досега не успеа да ги лоцира сторителите заради што истрага за ова сеуште не е завршена. Она што беше посочено е дека нивната анализа укажува дека оние што го обавуваат снимањето со мобилна тактичка опрема се професионалци од висок калибар, високо обучени за такви дејствија. Да сумирам. Во изминатиот период Македонија била таргет на снимање на телефонски разговори на странска разузнавачка служба потпомогната од нивните соработници во Македонија. Во еден момнет некаде кон средината на 2014 година за овие материјали се информира и Зоран Заев со цел да бидат објавени во јавноста и да биде исполнета одредена цел на странската служба која е нарачател и финансиер на оваа операција.

Дали безбедносниот систем е под сериозна закана и е провален?

Како и во секоја друга држава такви обиди постоеле и ќе постојат и сите земји се соочуваат со тоа и работат на превенирање. Државата се грижи за функционалноста на безбедносниот систем и најдобар одговор на ваквиот вид обиди е токму оваа рекација на институциите и покренување на процесните декствија за расчистување на околностите на овој случај. И во Германија, па дури и во Америка имаше ваков пробив на безбедносниот систем. Ние реагиравме соодветно и лицата кои го направија ова се фатени.

Извор: Мета

Слични содржини