Чикаго подобар од шампионот Торонто во пријателски натпревар

од desk2

Во пријателски натпревар одигран ноќта недела кон понеделник, кошаркарите на Чикаго булс го совладаа Торонто репторс на гостински терен со 105:91.

Убедливи победи забележаа Бостон над Кливленд со 118:72 и Филаделфија против Орландо 126:94.

Во американскиот главен град, Милвоки беше поуспешен од Вашингтон со 115:108.

Новата сезона во НБА лигата ќе почне на 22 октомври.

Слични содржини