Чиста глупост, вели Спасовски за изјавата на Пендиков дека „во Македонија е нормално да те стрелаат затоа што си Бугарин“

од Nikola Popovski

Чиста глупост. Во Македонија се почитуваат правата на секој еден човек кој се наоѓа на државата. Меѓународните институции ја оценија земјата како една од најбезбедните во регионот, како држава која е на 36-то место по глобалниот индекс за мир. Тоа е се заради податоците и анализите. За секој еден граѓанин, државата е тука и ќе се најде во заштита на овие граѓани, вака министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го коментираше неодамнешното интервју на претепаниот охриѓанец Христијан Пендиков.

Според Спасовски, не можете 30 години да живеете во државата во која никој ништо не ви префрлил, а сега одеднаш тоа да не го цените и да ја прикажуваме како земја која не ни ги почитува правата.

-Тоа не е реално. Сепак испратам порака дека насилство не смее да има во никој случај. Никој не смее да напаѓа друг од било какви побуди затоа што правотто на самоопределување е најсилно право. Од друга страна сакам да испратам јасна порака дека никој нема да право да ни го негира нашето право на самоопределување, истакна Спасовски како одговор на новинарско прашање.

Пендиков пред неколку дена за прв пат ексклузивно застана пред камерата на „bTV“ и порача дека сонува да се врати во Македонија и да каже дека е Бугарин, притоа никој ништо да не му направи.

-За жал, тоа е нормално во Македонија, нормално е да те тепаат, да те пцујат, се да ти прават, да те стрелаат затоа што си Бугарин, а полицијата ништо да не презема, рече тој во интервјуто.

Слични содржини