Член на БАН: С.Македонија се претвора во Тројански коњ на Србија и Русија во НАТО

од Vladimir Zorba

Бугарската национална платформа (БНП), на чие чело е Спас Ташев од Бугарската академија на науките (БАН) издаде отворено писмо до странските дипломатски мисии од земјите на ЕУ, во врска со односите на земјата со Северна Македонија.

„Бугарија беше првата земја во светот што ја призна независноста на Република Северна Македонија на 15 јануари 1992 година, но властите во Скопје ја продолжија оваа поранешна југословенска политика. Денес, нереформираната Република Северна Македонија станува Тројански коњ на Србија и Русија во НАТО и тие сакаат истата улога да ја игра и во ЕУ.

Нашиот став е дека ако светската демократска заедница не го анализира овој процес, постои огромен ризик за иднината на стабилност и соработка во Југоисточна Европа!“, се вели во писмото на Бугарската национална платформа.

Слични содржини