Член на Левица упати закани кон новинарот Сарачини: „Уште малку ти остана, кај ќе се пикаш“

од Nikola Popovski

Како се ближи почетокот на изборната кампања, се побројни се заканите кон неистомислениците. Членот на партијата Левица, му се заканил на новинарот, активист и член на ЦИВИЛ, Петрит Сарачини дека “уште малку му останало“.

„Петрите црнa дупко, кај ќе се пикаш бе глушец, уште малку, уште трошка, дали ти е јасно дека нема да има кај да се пикнеш. Него ако, истури се, олесни се, нека, уште малце“, стои во заканата на Јовановски.

Членот на Левица, Јовановски оваа закана ја испрати преку видео порака на Фејсбук групата „Министерство за акумулирање и анализирање“ која е отворена пред неколку месеци, а каде има цела низа постови и коментари со навреди, говор на омраза и закани кон Сарачини.

-Погледнете какви “верни фанови” имам. Што да правам со овој лик кој е во врхушката на фашистичката Левица? Да пријавам по не знам кој пат во полиција, обвинителство и – пак да нема реакција? Или во ЗНМ, СЕММ, ССНМ, што за некои новинари дигаат аларм а за некои не, па да ме дочека пак чувството на нееднаков меѓу “поеднаквите”. Нека види барем јавноста со какви лудаци имаме работа. Утре ќе тропнат и кај вас. За мене не се секирајте. Како рекле – на волкот му е дебел вратот, оти сам си ги врши работите, стои во реакцијата на Сарачини.

Слични содржини