Член на Мешовитата комисија: Во С. Македонија се пишуваат нови учебници

од Nikola Popovski

„Во Република Северна Македонија се пишуваат нови учебници. Забелешките не доаѓаат само од Бугарија, туку и од Грција, како и од албанската заедница во Република Северна Македонија. Но, работата на нашата комисија првенствено влијае на односите меѓу Бугарија и Република Северна Македонија во историска смисла“, изјавил доц. д-р Наум Кајчев, член на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања, пренесува „news.bg“, а објави „BNT“.

Според него, комисијата е експертска, а не политичка.

„Нема причина да се запре нејзината активност и не очекуваме такво дејствување од нивна страна“, додаде тој, истакнувајќи дека е договорено оваа година да се одржат пет состаноци на комисијата, од кои првите се овие два денови.

Тој изразил загриженост дека политичарите од Република Северна Македонија се мешаат во работата на комисијата.

По денешната 12. средба, нема позитивно придвижување во однос на дискусијата за учебниците по историја, а не била постигната ниту согласност за прашањата поврзани со средновековието. Комисијата не го отворила ниту прашањето за Гоце Делчев и негово евентуално заедничко чествување, иако и ова прашање се најде на дневен ред. „Со македонските историчари се’ уште сме во средновековието“, потврдил и бугарскиот професор Ангел Димитров во брифингот за бугарските медиуми.

Слични содржини