Членките на СЗО започнуваат преговори за постигнување на договор за спречување на пандемии

од Milan1

Претставници на 194 земји-членки на Светската здравствена организација (СЗО) денеска започнуваат тридневна сесија на која ќе преговараат за договор за спречување на идни пандемии.

Дипломатите во неделата објавија дека земјите-членки на СЗО се согласиле да започнат преговори за иден договор за спречување на пандемијата, откако ќе го премостат јазот меѓу двете страни предводени од Европската унија и Соединетите држави.
Нацрт-документот, постигнат преку преговори за време на викендот, ќе биде претставен пред министрите за здравство и се очекува да биде усвоен на тридневна седница на СЗО.

Според нацртот, преговорите треба да започнат најдоцна во март 2022 година.

Сè уште не е познато дали конечниот исход ќе биде правно обврзувачки договор, но САД и Кина се скептични и се против секоја нова мултилатерална обврска.

Глобалниот договор за спречување на пандемијата треба да биде готов во мај 2024 година.

Размена на информации и вакцини

Тоа би вклучувало размена на информации и секвенционирање на геномот на нови вируси, како и потенцијални вакцини и лекови развиени со истражување.

Земјите-членки на СЗО постигнаа дипломатски успех во време кога расте загриженоста за појавата на нова варијанта на коронавирусот „омикрон“ кој првпат беше откриен во Јужна Африка во ноември и се чини дека брзо се шири низ светот, потсетува Ројтерс.

Слични содржини