Членови и симпатизери на ВМРО симболично ќе чуваат стража на гробот на Гоце Делчев, потврди Николоски

од Nikola Popovski

Очекувам достинствена манифестација и одбележување на годишнината од раѓањето. Националниот херој број 1 тоа ѝ го заслужува. Сепак, мене ми е побитен е контекстот околу кој ова се случува. Се сруши како кула од карти политиката на СДСМ и ДУИ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за тоа што очекува да се случи на 4-ти февруари – 121-годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Според него, Договорот за добрососедство и пријателство што е потпишан со Бугарија, „воопшто не е за добрососедство и пријателство“.

-Се потврдува она што го говоревме дека Бугарија мисли различно од ние што мислиме. Има драматични разлики кои не можат да се спојат. Македонскиот јазик и народ имаат своја посебност, рече Николоски обвинувајќи ја Бугарија дека го смета македонскиот јазик за нивен дијалект.

Тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ е за достоинствено одбележување на роденденот на Гоце Делчев.

-Никаде во светот ова не е работа на опозиција, но од љубов кон татковината и националниот херој, ќе го направиме тоа. Ќе има членови и симпатизери на нашата партија кои симболично ќе чуваат стража на гробот на Гоце Делчев, потенцира Николоски во вестите на ТВ Сител.

Дај боже полицијата да си ја работи работата како што треба, додаде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ за чествувањето на роденденот на Делчев.

Слични содржини