Членови на „Јавна соба“ ја бараат девојката која синоќа поднесе пријава во полиција (ФОТО)

Лицата кои се дел од групата „Јавна соба“, и кои ја кренаа јавноста на нозе, поради експлицитните фотографии од девојки, како и нивна злоупотреба, вчера проструи во јавноста дека е повторно активна.

Имено, вчера во медиумите беше објавено дека 22. годишна девјка пријавила во полиција дека од неа има фотографија на таа социјална мрежа, но и уште две фотографии кои имале екплицинтна содржина од девојки кои наликувале на неа.

Она што е ново, е дека членови од групата „Јавна соба“, сега ја бараат девојката која пријавила во полиција.

Во меѓувреме, расте револтот на социјалните мрежи. Граѓани бараат полицијата да се активира и да ја блокира групата, но се бара и одговорност за креаторот и за членовите кои споделуваат лични податоци од девојки.

После денешниот прилог за групата Јавна соба членовите во истата ја коментираа и ја бараат девојката која поднела…

Posted by Лила Милиќ on Вторник, 26 јануари 2021

Слични содржини