Членови на Судскиот совет беа во Апелацискиот суд

од Vladimir Zorba

Членови на Судскиот совет денеска беа во Апелацискиот суд во Скопје каде што треба да се одржи итен колегум по најавите на јавната обвинителка Вилма Рускоска дека ќе покрене финансиска истрага против судиите кои вчера донесоа одлука со која ја пуштија во куќен притвор поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, обвинета во случајот „Рекет“.

Судиите Виолета Богојеска, Владе Богдановски и Шемседин Јусуфи на излегување од Апелација не открија зошто биле во судот и рекоа дека до медиумите ќе испратат соопштение.

Апелацискиот суд вчера ја уважи жалбата на Јанева и и одреди мерка куќен притвор по што таа ја напушти „Шутка“ и замина во станот на нејзиниот син во близина на Клубот на пратеници. Оттаму ќе го чека првото судско рочиште закажано за 3 декември.

Слични содржини