Членовите на одборите ќе мора да имаат минимум пет години работно искуство во дејноста, вели Николовски

од Nikola Popovski

Со намалувањето на надзорните одбори од 5 на 3, управните од 15 на 7, значи дека сретствата издвоени за нивните хонорари ќе можеме да ги пренасочиме во попродуктивни трошоци, како градинки и училишта, а од друга страна законот точно предвидува професионализација на овие одбори, на пример законот предвидува членовите на одборите да имаат минимум пет години работно искуство во дејноста или областа за која се избрани за јавната институција, на пример 3 години искуство во правните, работи, финансиските итн, изјави вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски, во гостувањето во вестите на Канал 5 ТВ.

Тој потенцира дека станува збор за јавни претпријатија, АД во државна сопственост како и националните установи, политичката волја Владата ја покажа и ова е како една од мерките за борба против корупцијата, а се надевам дека наскоро ќе помине и низ собраниска процедура.

Слични содржини