Чоколаден колач со авокадо

од Stefanija Kuzmanovska

Фантастичен колач за кој не ви е потребно брашно.

Состојки:

– 220 гр чоколадо за готвење

– 4 јајца

– 150 гр шеќер

– 1/2 шолја какао во прав

– 100 гр мелени ореви

– 1/2 лажичка сол

– 2 лажички екстракт од ванила

– 2 авокадa

*мерење – шолја од 250 мл

Подготовка:

Растопете го чоколадото и оставете го на страна.

Изматете ги јајцата и шеќерот додека смесата не се удвои во големина.

Додадете го стопеното чоколадо. Потоа додадете мелени ореви, какао и екстракт од ванила.

Исчистете го авокадото и изблендирајте го во блендер. Можете да го изгмечите и со вилушка.

Во чоколадната смеса додадете го и пасираното авокадо.

Измешајте сè добро заедно.

Покријте го плехот со хартија за печење, размачкајте го тестото и печете го во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.

Кога малку ќе се излади, исечете го и послужете.

Слични содржини