Чоколаден колач со боровинки

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

Колач:

– 200 гр брашно

– 60 гр какао

– 1 лажичка прашок за пециво

– 1/2 лажичка сода бикарбона

– 1 лажичка цимет

– 1/4 лажичка сол

– 1 лажичка чиа семе

– 200 мл вода

– 70 гр свежи боровинки

– 1 лажичка оцет

– 160 гр мед

Чоколаден прелив:

– 200 мл слатка павлака

– 150 гр темно чоколадо

– 60-70 гр свежи боровинки

Подготовка:

Измешајте ги сите суви состојки, брашното, какаото, циметот, прашокот за пециво, сода бикарбоната, солта и чиа семето.

Водата, боровинките, оцетот и медот измешајте ги посебно во блендер, па додадете ги во сувите состојки. Сето убаво измешајте го со рака и истурете во плех обложен со хартија за печење.

Колачот се пече во загреана рерна на 180 степени 20 до 25 минути.

Испечениот колач прободете го малку со нож, па прелијте го со топол чоколаден прелив за кој сте растопиле чоколадо во варена слатка павлака.

Врз колачот посипете свежи боровинки, оставете го да се излади на собна температура, па ставете го во фрижидер да се излади целосно, неколку часа или по можност преку ноќ.

Слични содржини