Чоколаден мус со кафе

од Vladimir Zorba

Кремаст десерт со кафе и чоколадо.

Состојки:

– 130 гр темно чоколадо

– 1 јајце

– 2 белки

– 2 лажици силно, засладено турско кафе

– 15 гр путер

– цимет по желба

– малку сол

Подготовка:

Чоколадото ситно исецкајте го, ставете го во тенџере, прелијте го со кафе и со мешање растопете го на пареа.

Чоколадото тргнете го од пареата и постепено измешајте го путерот исечкан на парчиња. Оставете да отстои околу една минута.

Одделете ги жолчките од белките, а потоа измешајте една жолчка во чоколадната смеса.

Изматете ги белките во цврст шлаг и додадете малку сол. Околу четвртина од шлагот веднаш промешајте го во растопената чоколада за малку да омекне. Потоа полека измешајте го остатокот од снегот.

Добиениот мус поделете го во четири садови и ставете го во фрижидер најмалку три часа. Пред сервирање посипете со цимет.

На здравје!

Слични содржини