Чоколаден мус со лешници

од Stefanija Kuzmanovska

Состојки:

– 200 гр темно чоколадо

– 20 гр шеќер

– 2 јајца

– 1 лажица какао

– 120 гр шлаг крема со вкус на чоколадо

– печени лешници

Подготовка:

Чоколадото растопете го на пареа на умерена температура.

Кога целосно ќе се растопи, тргнете го од шпорет, а во друг сад измешајте ги јајцата и шеќерот на пареа, па додадете го во растопеното чоколадо.

Во таа смеса додајте какао, а потоа изматете се заедно со миксер додека не добиете кремаста маса.

Изматете го шлагот според упатството на кесичката, па постепено со лажица додавајте го во смесата со чоколадо и јајца.

Потоа додадете мелени или сечкани печени лешници. Мешајте со рака додека убаво не се соедини.

Добиениот мус истурете го во чаши и ставете го во фрижидер еден час. Извадете го од фрижидер околу 15 минути пред сервирање.

Украсете со сечкано темно чоколадо.

Слични содржини