Чомовски: Законот за легализација оди на товар на владеачката гарнитура, која влегува во избрзана изборна кампања

од Andreja Salpe

Новинарот Александар Чомовски, во своето гостување на емисијата 24 Анализа на Телевизија 24 вели дека Законот за легализација оди на товар на владеачката гарнитура, која влегува во избрзана изборна кампања.

– Јас не би бил приврзаник на скептицизмот дека се враќа во Македонија духот на конфронтација, јас лично сметам дека влегуваме во една фаза во која секој ќе си ги испостави интересите и на тој план прашањето на Законот за легализација оди на товар  на владеачката гарнитура која влегува веројатно во една избрзана претходна изборна кампања, придобивајќио ги гласовите на тие што, да речеме условно тие што го прекршиле законот асза градба. Ние и со претходната легализација ставивме значаен дел од граѓанството па и во стопанските субјекти во една нерамноправна положба, до толку повеќе што оние што градат плаќаа комуналии по 100 евра, другите кои изградија ќе плаќаат по 1 евро. Тие што имаат дивоградби ќе бидат задоволни, тие што мислат дека тоа ќе биде урнисување на правната регулатива, во заштита на животната околина, таму каде што дивоградбите се дел од концептот на агресија, и политичка и правна и економска, тоа ќе биде штетно, истакна Чомовски.

Слични содржини