Чуден симптом е откриен кај луѓето кои се опоравуваат од коронавирусот

од Nikola Popovski

Луѓето кои долго време се опоравувале од коронавирусот објавија дека чувствуваат непријатен мирис на риба, сулфур и нешто слатко.

Овој феномен е познат како паросмија, што значи нарушување на сетилото за мирис, а најизразен е кај младите и здравствените работници, пишува „Sky News“.

Оториноларингологот професор Нирмал Кумар вели дека симптомот е многу чуден и уникатен.

Кумар беше меѓу првите лекари кои во март идентификуваа анозмија или губење на мирисот, како симптом на инфекција со коронавирус.

Тој за АП изјави дека некои пациенти наведуваат дека чувствуваат мирис на риба наместо на кој било друг мирис, а други дека мирисаат горење дури и кога во близина нема чад.

Кумар објасни дека Ковид 19 е „невротропен вирус“, односно дека напаѓа нервно ткиво и влијае на нервите на врвот на носот, што е шок за нервниот систем.

Слични содржини