Чудно однесување на орките китови убијци: Се залетуваат и удираат во едрилици, паника меѓу туристите (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Орки, познати и како китови убијци, во последните две недели нападнаа четири едрилици на северниот брег на Шпанија, предизвикувајќи непријатности кај туристите.

Ноќта помеѓу понеделник и вторник, со оддалеченост од само три часа, два едрилици мораа да побараат помош од брегот, откако китовите, долги меѓу седум и осум метри и со тежина од пет тони, влетаа во трупот на бродот.

И во двата случаи, орките го уништија кормилото, па едрилиците на отворено море чекаа спасувачките бродови да ги влечат на пристаништето, и двата напада се случија крај брегот на Галиција, провинција на северот на Шпанија.
Како што се наведува, првиот напад следел кратко по полноќ кога рекреативната едрилица „Амадеус“, со двајца Французи на него, почувствувал силни удари и додава дека орките нурнале во темница и ја погодиле едрилицата, осветлена со ламба на еден од членовите на екипажот, покажува видеото објавено од службата за спасување, пренесува Хина.

Едрилицата била на пат од градот Сантандер кон Акоруња, но откако кормилото откажало од силината на ударите, морала да го запре патувањето и да го чека бродот на Црвениот крст што го влечел до пристаништето на блиското место.

Три часа подоцна, службата за спасување добила нов повик, овој пат од двајца Шпанци од едрилицата „Урки 1“, која пловеше од Финистере кон Хихон.

„Нивниот повик го примивме во 3,07 часот во ноќта. Тие ни рекоа дека биле нападнати од јато орки и дека им е уништено кормилото”, напишаа на Твитер службата за спасување.
Се додава дека минатата недела, уште два едрилици во таа област доживеаа слична ситуација, но дека никој од екипажот не беше повреден.

Еден Британец кој пловел со својата партнерка на едрилица вели дека почувствувал удар и дека кормилото одеднаш му откажало, а потоа виделе две орки како пливаат по едрилицата.

„Мислев дека судирот се случи случајно, но тогаш орките со главите ја удрија едрилицата“, наведува тој.

Морскиот биолог Бруно Дијаз вели дека нема сознанија дека орките напаѓаат луѓе и додава дека вообичаено е да се гледаат орки во овој период од годината во галициските води.

„Знаеме дека нивната омилена жртва е црвената туна и сега орките ја следат на север“, вели Дијаз и додава дека нападите врз бродовите не се чести или чудни.
Дијаз верува дека орките само се забавувале туркајќи едрилици во последните неколку дена.

„Тие веројатно играле, се забавувале на штета на екипажот на едрилиците. Кормилото се движи, па затоа предизвикува најголемо внимание под морето. Затоа, орките се најинтересни и достапни за време на нивната забава, што завршува со кршење на кормилото”, вели тој.

Слични содржини