Чудо на Канарските острови: Лава пеплоса стотици куќи, но една остана недопрена (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Неверојатна сцена пристигна од Канарските Острови – една куќа остана недопрема иако беше опкружена со големи количини на лава по ерупцијата на вулканот на Ла Палма.

Корисниците на социјалните мрежи го нарекоа ова „чудо“. Неговите сопственици, пензионирана двојка од Данска, која не е на островот, се воодушевени што нивната куќа е сеуште недопрена.

„Почнаа да плачат кога им реков дека нивната сакана куќа е недопрена“, вели Ел Мунду, архитектката на куќата Ада Моникендам.

Чудната куќа се наоѓа во Ел Параис, каде што се уништени повеќе од половина од зградите, како и училиштето.

Двојката ја избрала Ла Палма затоа што им се допаднал вулканскиот пејзаж, изјавила Моникендам, додавајќи дека „и е жал што куќата сега е напуштена и дека нема никој што може да се грижи за неа“.

Вчера, лавата значително го забави својот тек, што предизвика стравувања дека може да се прошири понатаму на островот и да уништи повеќе куќи, наместо да истече во морето.

Слични содржини