Чулев го назначил Антон Витков на чело на Секторот за внатрешни работи во Куманово

од Vladimir Zorba

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев како дел од процесот за промената на началниците на клучните сектори во МВР, го назначил Антон Витков на чело на Секторот за внатрешни работи во Куманово, Алсат неофицијално дознава.

Со ова, бројот на началници на сектори кои добија нови шефови се искачи на 7, додека само СВР Тетово останува без нов началник.

Дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска не го потврди предлогот за нов началник на Куманово, ниту пак појасни дали има нешто ново во однос на најавите за тужби кон министерот.

Слични содржини