Чулев: Јас сум против 58 часа карантин за Бајрам, луѓето мора да се релаксираат

од Берта Китинска

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во вклучување во дневникот на телевизија Сител потврди дека утрово имале седница на Координативниот кризен штаб за предлозите од Комисијата за заразни болести, како и дека според него карантинот од 58 часа не е добар за граѓаните, кои се под постојан притисок, како и за физичкото и ментално здравје.

– Јас го кажав мојот став на главниот координативен кризен штаб, а тоа е дека мора да има одреден период од денот каде што граѓаните ќе можат да се релаксираат и да ги извршат сите оние приватни обврски кои што ги имаат. Значи да нема ограничување во текот на денот од 58 часа во деновите недела и понеделник, додаде министерот Чулев.

Чулев ги повика верниците да се воздржат од прекршување на мерките и препораките, како и верските заедници да се придржуваат до овие ограничувања со цел заштита на здравјето на граѓаните.

Слични содржини