Чулев: Лажна вест е дека ќе поднесам оставка

од Aleksandar Todeski

Лажна вест е дека ќе поднесам оставка, вели во изјава за „Локално“ техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев откако неколку портали објавија дека тој подготвувал оставка од техничката влада.

„Се работи за фејк њуз во рамките на психолошките притисоци кои ми се вршат. Јас ќе пријавам и во ЗНМ и во Советот за етика“, изјави Чулев за „Локално“.

Во инфомациите кои ги споделија медиумите, а кои тој ги категоризира како лажни, беше наведено дека наводно оставката ја подготвувал како солидализирање со Рашела Мизрахи, техничката министерка за труд и социјална политика која беше разрешена поради непочитување на Уставот и Преспанскиот Договор.

Александар Тодески

Слични содржини