Чулев на денешниот состанок не го поканил единствениот началник Албанец

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, на денешниот состанок за состојбата во врска со безбедноста во време на пандемија, не го поканил единствениот началник на секторот за внатрешни работи на целата територија на Македонија кој е етнички Албанец, пишува весникот Коха.

Амир Далипи, раководител на СВР Тетово, не добил покана од министерот Чулев за средбата, на која се разговарало и за спроведувањето на владините мерки во врска со заштитата од коронавирусот.

Извори на весникот КОХА информираат дека на состанокот не бил поканет и првиот човек на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, кој исто така е еден од врските во спроведувањето на владините мерки за заштита од вирусот.

Слични содржини