Чулев најави повеќе полицајци на улиците за време на викендот

од Vladimir Zorba

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев поради непочитување на забраната за движење минатиот викенд од трана на МВР, претстојниов низ државата ќе има значително повеќе полиција.

Полицискиот час за време на викенд започнува од 16 часот и трае 05 часот наутро.

– Минатиот викенд имавме значителен пораст во непочитување на забраната за движење. Се надевам дека граѓаните ќе покажат многу поголема совесност и ќе ја почитуваат мерката за забрана викендов. Припадниците на МВР ќе бидат ангажирани во поголем број, рече Чулев.

По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 43 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени биле 27 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштија од МВР.

Слични содржини