Чулев наместо да ги спроведува законите, тој ги прекршува

од Vladimir Zorba

Техничкиот минстер за внатрешни работи, Наќе Чулев не ги почитува пропишаните мерки воведени поради епидемијата одкоронавирус.

Тој беше фотографиран со симпатизери на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, а на неа се гледа дека никој не носи маска, ниту одржува физичка дистанца.

– Наќе Чулев треба да ги скине сите казни изречени заради не носење маски и непочитување на мерките за заштита од коронавирусот. Точка, коментираат на социјалните мрежи.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8197, бројката на оздравени пациенти е 4326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3486.

Слични содржини