Чулев од Тетово: Сега, повеќе од било кога, важно е да веруваме во полициските службеници

од Vladimir Zorba

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев вечерва во Тетово беше во посета на полициските службеници кои се наоѓаат на неколку пунктови низ градот. Тој со нив разговараше околу преземањето активности за контрола на спроведувањето на мерките за ограничување на движењето, донесени од страна на Владата.

–Сега, повеќе од било кога, важно е да веруваме во полициските службеници, да ги поддржуваме и да соработуваме со нив, затоа што тие се луѓето кои имаат тешка и одговорна задача. Тие имаат обврска со активностите кои ги преземаат да дадат личен придонес и да застанат исправени пред обврската која им е доверена, а тоа е да ја заштитат целата нација од невидливиот непријател со кој се бори државата, но и целиот свет. Јас како министер за внатрешни работи убеден сум дека тоа го прават со сето свое срце, истакна Чулев.

Тој ги посети полицајците распоредени кај Универзитетот во Тетово и кај градскиот плоштад.

Слични содржини