Чулев: Покрај Галетановски, на информативен разговор ќе бидат повикувани и други лица

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев најави дека МВР денеска ќе повикува на информативен разговор лица што на социјалните мрежи шират недолична содржина поврзана со изборите. Вчера на информативен разговор беше повикан Ѓорги Галетаноски, директор на Зоолошката градина од Скопје.

-Има сомение за вршење на делото од членот 160 „Повреда на слобода на определување на избирачите“, меѓутоа, конечната квалификација на делото ќе биде утврдена по координацијата со Основното јавно обвинителство – Скопје, изјави Чулев и најави дека во врска со овој случај ќе бидат поканети и други лица.

Галетановски вчера изјавил дека  околу 15 часот телефонски бил повикан од единицата за економски криминал да дојде да даде изјава.

„Веднаш отидов во единицата за економски криминал заедно со мојот адвокат. Коментарот на мојот Фејсбук профил беше шега и тоа го кажав при давањето изјава. По еден час ми рекоа дека можам да си заминам”, изјави Галетановски.

Слични содржини