Чулев: Прекршочни казни за 27 326 лица кои не носеле маски

од Берта Китинска

Досега се изречени 27 326 прекршочни казни за неносење лична заштита на лицето, објави министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на неговиот Фејсбук профил.

Во текот на изминатото деноноќие во координација со Државниот пазарен инспекторат се извршени 99 контроли во објекти при што не е евидентирано непочитување на одлуките на Владата.

На територијата на целата држава на вкупно 197 лица им се издадени решенија за изолација, а четири лица потпишале изјави за самоизолација и при извршени контроли, две лица не ги почитувале овие мерки.

Слични содржини