Чулев: Против полицајците кои не реагираа на отворената продавница во полициски час се покренати дисциплински постапки

од Nikola Popovski

На прашањето зошто полицајците не реагирале за отворената продавница која работеше за време на полицискиот час во изминатиот викенд во една скопска населба, техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев изјави дека се покренати дисциплински постапки против полициските службеници за конкретниов случај.

„Грешките се неминовни. Не викам дека МВР не направило грешки. Со оглед дека полициските службеници се ангажирани од почетокот на епидемијата во ноќни смени, дневни смени во секакви ограничувачки услови, без ден одмор, пропусти се можни и се случуваат. Имаме ограничен број на полицајци и ние не можеме да бидеме и со мобилни патроли и со стационарни патроли во секоја уличка во државата“, напомена Чулев.

Слични содржини