Чулев за „орото“ во Чаир: Доколку се потврди автентичноста на снимката ќе следуваат санкции

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев на својот Фејсбук профил најави дека намалувањето на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за ограничување на движењето, носат заштитна опрема и се придржуваат кон пропишаната дистанца.

Во врска со снимката објавена на Фејсбук, на која се гледа лица како играат, а за која се пишуваше дека настанала во Чаир, за време на полицискиот час, министерот Чулев напомена:

„Во конкретниот случај со „орото“ во Чаир, доколку се утврди дека видеото е направено во период кога се на сила одлуките на Владата, односно доколку се потврди неговата автентичност, полициските службеници ќе ги преземат сите мерки со цел соодветно санкционирање на учесниците во истото“, напишал тој.

Чулев соопштил дека на територијата на град Скопје овој викенд Секторот за внатрешни работи од Скопје имал распоредено вкупно 55 патроли на полициски службеници, а одлуката поврзана со ограничување на движењето со минорни исклучоци се почитувала на територијата на целата држава.

❗ Намалување на бројот на заразени од вирусот Covid19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги…

Публикувахте от Наќе Чулев в Понеделник, 25 май 2020 г.

Слични содржини