Чулев за случајот „Теретана“: Мицкоски не бил тогаш во објектот, снимките се од октомври

од Nikola Popovski

На прашање за случајот „Теретана“, техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, изјави дека одделението за внатрешна контрола постапувале, се вршело вештачење на материјалот, се направило и фото-албум, се разговарало не само со вработените, туку и со лицата од соседните објекти.

„Се земаа 5 камери од Синерџи и беше константирано дека снимката не е од тој период, односно Мицкоски тогаш не бил во теретаната. Според мои информации, таа снимка била од октомври-ноември“, вели Чулев.

Во однос на полицискиот час за Рамазан Бајрам, тој изјави дека сакал да има отворени периоди, а не континуиран полициски час за време на целиот викенд.

„За ифтарските вечери одговараа тие што беа фатени на поголеми простори, односно на улици. Во една зграда тие одат не можеме да ги спречиме во тие ситуации“, изјави Чулев, за казнувањето во време на полицискиот час.

Слични содржини