Чулев: Засега нема информација или пријава дека е прислушкувано раководството на ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski

„Досега до МВР нема пријава дека е следено и прислушкувано раководството на ВМРО – ДПМНЕ. Доколку дојде, ние согласно оперативните процедури ќе постапиме и ќе го информираме Јавното обвинителство“, рече техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, во одговор на новинарско прашање по изјавата на потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски дека тој е следен и прислушкуван.

На дополнително прашање дали има сознанија или не, Чулев потенцира дека тој нема сознанија, нема добиено пријава за прислушкување или следење на политички претставници.

Слични содржини