Грчкиот премиер Алексис Ципрас во петокот  ги смени бунтовнички настроените министри од владата, кои гласаа против реформите барани од меѓународните кредитори во замена за спасувачката договор, објави “Ројтерс”. Ципрас успеа со едно  гласање во парламентот да обезбеди поддршка на договорот со доверителите и да ја раздели СИРИЗА на два табора.

ципрас кола

Формално парламентарната група е цела, бидејќи пратениците гласале со “не” , и одбиваат да го напуштат парламентот, а и премиерот да не прибегне кон нивното исклучување. Министерот за труд, Панос Скурлетис ќе го замени министерот за енергетика Панајотис Лафазанис, кој е еден од најголемите бунтовници во СИРИЗА и заедно со уште околу 30 пратеници од владејачката партија гласаа против предлог-законот за реформи, со усвојувањето на кое стана можно отпочнување на преговори со меѓународните кредитори. Трифун Александрис станува заменик-министер за финансии и ќе го замени  од функцијата Надја Валаам, а министерот за финансии Евклид Цакалотос останува на функцијата, откако на 6 јули го замени Варуфакис и ужива доверба од Еврогрупата.

Во медиумите денеска  активно се коментира дека активисти на СИРИЗА одбиваат да заземаат министерски места во оние сектори каде се очекува силно општествено незадоволство кај спроведување на реформите. На пример никој не го  сака Министерството за труд, бидејќи по приватизацијата на државни компании се очекува бран на масовни отпуштања.

Слични содржини