Coldplay нема да одат на турнеја, затоа што ја загадуваат природата

од Vladimir Zorba

Британскиот рок бенд Coldplay одби да прават турнеја по повод нивниот нов албум поради загриженоста дека ваквите настани ја загадуваат околината.

„Нема да правиме турнеја со овој албум“, изјави вокалистот на групата Крис Мартин за Би-Би-Си.

„Ќе си дадеме време во следната година или две да работиме на тоа турнеите не само да бидат одржливи, туку и активно да придонесуваме (за контрола на загадувањето)“, вели тој.

Според него, целата група сака турнеите да дадат позитивен придонес за животната средина.

Британскиот бенд го обиколи светот во 2016 и 2017 година за нивната „A Head Full of Dreams Tour“, на која излегоа на 122 сцени во многу земји.

Според Мартин, следната турнеја на групата ќе биде најдобрата верзија на турнејата, која ќе ја заштити животната средина.

„Ќе бидеме разочарани ако не биде неутрална вооднос на јаглерод диоксидот“, вели тој.

Според него, сонот на групата е да има концерт без потреба да се користи пластика, а струјата да доаѓа само од сончевата енергија.

Невладината организација за заштита на животната средина WWF ги поздрави плановите на Колдплеј.

„Фантастично е да се забележат светски познати изведувачи да се ангажираат за заштитата на планетата“, велат од организацијата.

Слични содржини