Црвено предупредување во Италија: Нов циклон доаѓа од Тунис

од Stefanija Kuzmanovska

Во италијанскиот регион Емилија Ромања и денеска во сила е црвено предупредување поради нов циклон кој доаѓа од Тунис, кој влијае на времето во земјата, јавија италијанските медиуми.

Се верува дека новите дождови би можеле повторно да го подигнат нивото на реките во сериозно поплавеното подрачје. Но, врнежи се предвидуваат и на островот Сицилија, на островот Сардинија и во регионот Пиемонте.

Повеќе од 27.000 луѓе беа евакуирани од своите домови само во провинцијата Равена во Емилија-Ромања, каде ситуацијата и понатаму е особено комплицирана, а има недостиг на вода за пиење и храна во некои региони.

Во поплавите во Емилија Ромања досега има 14 жртви. Претходно месецов во невреме со пороен дожд во истата област животот го загубија две лица.

Извори блиски до италијанската премиерка Џорџа Мелони велат дека таа може предвреме да го прекине учеството на самитот на Г7 и да се врати во Италија поради катастрофата во Емилија-Ромања.

Слични содржини