Д-р Андоновски: Нема право на грешки во моделот за училишната настава

од Aleksandar Petrovski

Конкретниот план, како што посочуваат од Министерството за образование, ќе биде објавен до 10 август. Она што се знае е дека одложување нема да има, па се очекува децата да седнат во училишните клупи на први септември.

Консултациите траат долго зошто нема право на грешка кога станува збор за здравјето на најмладите, вели за Канал 5 д-р Анѓелчо Андоновски, член на Комисијата за заразни болести.

Во Комисијата за заразни болести претставници на Министерството за образование со недели дискутираат за моделите по кој ќе се одвива образовниот процес.

Слични содржини