Д-р Беќаровски: Дијареата, гадењето и повраќањето многу често се првиот симптом дека сте заразени со Омикрон БА-5

од Nikola Popovski

Докторот Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија предупреди дека дијареата, гадењето и повраќањето многу често се првиот симптом дека сте заразени со Омикрон БА-5.

-Дури 50% од заболените со овој сој порани или покасно во текот на болеста манифестираат гастроентероколитичен синдром, информира Беќаровски.

Докторот додава дека поради тоа ова лето при појава на овие симптоми не треба веднаш „да се напаѓа расипаната храна која сте јаделе тој ден“.

-Избегнувајте неколку дена контакти со постарите и болни членови од Вашето семејство, апелира Беќаровски.

Слични содржини