Д-р Беќаровски: Присуство на невработени лица во ковид-центрите е свесно загрозување на јавното здравје

од Nikola Popovski

Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија смета дека присуство на придружба во ковид-центрите е свесно загрозување на јавното здравје.

-Континуирано присуство на ЦИВИЛНИ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ВНАТРЕ во Ковид центрите е СВЕСНО ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ. За вакво злодело казната не може да биде само разрешување на надлежните во тетовската болница, објави Беќаровски на Фејсбук.

Во врска со информациите во јавноста дека роднините на пациентите во модуларната ковид-болница во Тетово биле во чести посети како придружба, министерот за здравство Венко Филипче вели дека мора да се проверат.

-Ако било така зошто било. Во принцип посетите се забранети. Ќе инсистираме на институционален пристап, точна анализа, разговор, по што ќе ги изнесеме сите факти. Ќе видиме од надзорот, рече Филипче.

Тој додаде модуларните болници намерно се прават со ниски прозорци поради брзата можност од евакуација, доколку дојде до потреба за такво нешто.

Слични содржини