Д-р Беќаровски: Во овој есенски бран, смртноста во Македонија е скоро идентична со таа во Словенија

од Vladimir Zorba

Ако гледаме во апсолутни бројки би се согласил дека е во подем бројката на починати, меѓутоа ако ја компарираме со вкупниот број на активни случаи сепак има тенденција на константност. Во периодите кога имавме 30-40 новозаболени починуваше 1-2 лица, денес на 1.000-1.200 новооткриени, смртноста е 20-30, што е во границите на очекуваното. Ако од друга страна ја компарираме нашата смртност во текот на овој есенски налет со други држави, на пример Словенија, ќе дојдеме до сознание дека во овој есенски бран смртноста во Македонија е скоро идентична со таа во Словенија, вели доктор Нико Беќаровски од Клиниката за Токсикологија во интервјуто за „Стандард“.

Во однос за тоа дали е потребен карантин за новогодишните празници доктор Беќаровски вели дека токму овие прослави може да бидат нов извор на зараза.

-За жал претстојните новогодишни и божикни празници можат да бидат нов извор на зараза, посебно меѓу младата популација и искрено не сум сигурен дека апелите од надлежните и нас медицинските работници ќе бидат послушани. Домашното воспитание и апелот од домашните можеби ќе имаат многу поголем ефект. Идејата за една континуирана забрана за движење од 23-04 часот секако дека ја подржувам, бидејќи истата реално нема да има економски импликации, а може да има позитивен епидемиолошки „фид бек“, вели токсикологот.

На прашањето дали вакцината против Ковид-19 треба да е задолжителна, Беќаровски вели дека тоа задолжение би внело дополнително скептицизам кој во моментов воопшто не е потребен.

-Лично сметам дека би било идеално, да се обезбедат одредени количини од сите потврдени вакцини во моментов, а изборот на типот на вакцина да биде индивидуален, смета тој.

Целото интервју на следниот линк!

Слични содржини