Д-р Борут Рончевиќ: Студирај, работи и живеј во Словенија

од Vladimir Zorba

Веројатно сите го знаете значењето на потенцираните четири букви во името на државата „ SLOVENIA“. Збор кој ја опишува љубовта од и кон оваа држава. Земја во која навистина секој сака да живее, сака да минува време, сака да го продолжи своето образование, сака да му биде животна база.

Горд сум што сум Словенец. Затоа што зеленилото кое ја покрива државата, всушност, ја закити нашата земја и со епитетот „најзелена земја во светот“. Порта која ги пренесува знаењата и вредностите од и кон Европа. Држава во која „созрева“ знаењето, земја во која се гаи науката. Ова е нешто што сакам сите граѓани на Република Северна Македонија да го осознаат и почувствуваат. Затоа што само така се развива и сака една земја. Доколку таа се базира на наука, на факти, на вредности, но и на љубов, трудољубивост, на среќа, тогаш тоа е формула за успешна земја и среќни граѓани.

Како декан на Факултетот за општествени применети студии, и професор на Факултетот за медиуми, имајќи го в предвид сето ова, направив проект „Студирај, работи и живеј во Словенија“ (Study, work and live in Slovenia). Затоа што Словенија навистина има што да понуди. Затоа што нашата држава Ве очекува да Ви покажеме со кои природни убавини располагаме, да уживате во предизвиците на знаењето и науката, да работите со нас и да живеете во една од најубавите држави во светот.

Студирањето на Факулетот за општествени применети студии во Нова Горица и на Факултетот за медиуми во Љубљана ќе биде ваше ново животно патешествие. Заедно со нашиот професорски кадар, всушност, ќе „растете“ во светот на знаењето и науката. Вашата љубопитност за знаење ќе ја реализираме преку нашите студиски програми, усогласени со потребите на пазарот на трудот и потребите на науката. Студирањето не е само учење. Напротив, опфаќа и дружење, опфаќа културно-забавни настани, опфаќа забавни активности. Самиот чин на социјализација е интересен затоа што на факултетите (ќе) студирате со колеги од 13 разни земји во светот, почнувајќи од Бангладеш, Нигерија, Русија се до Хрватска, Србија, Македонија и Словенија. Микс на култури и традиции, на младост и знаење, на учење и забава.

Студирањето и литературата на словенечки јазик се предизвик за изучување за секој студент. Убаво е, нели, да го знаете јазикот на земјата домаќин. Освен на словенечки, постои можност, во зависност од степенот на кој студирате, да го користите англискиот или српскиот јазик. Секако, познавањето на трите јазика е одлична полиглотска предност за секој наш студент.

Освен студирањето, како факултетски образовни установи соработуваме со најголемиот студентски сервис во Словенија. Додека студирате, паралелно, може да работите и да заработите доволно пари за нормално студентско живеење во Словенија. Секако, многу голема е веројатноста (ова го потврди и практиката) Вашата работа додека студирате да остане ваша редовна работа и по нивно завршување, што всушност се случува со две третини од словенските студенти. Исто така, како студент добивате основно здравствено осигурување и субвенционирани ваучери за храна.

Динамичниот процес на учење и работа, во комбинација со шетење и уживање, всушност ја прават Словенија уникатна држава која длабоко се врежува во разумот и емоциите на секој наш студент. Искуството на колегите кои студираат или ги завршија своите студии само потврдува дека проектот „Студирај, работи и живеј во Словенија“ ги потврдува моите очекувања. Се надевам и посакувам да ги исполни и Вашите животни предизвици. Се гледаме во SLOVENIA.

Автор: професор д-р Борут Рончевиќ, декан на Факултетот за социјално применети студии во Нова Горица, Словенија

Слични содржини