Д-р Чепреганов: Самосвеста и одговорноста се единственото решени за намалување на пандемијата

од Берта Китинска

Состојбата со Ковид 19 е животно загрозувачка, хронична, стресна.Некој реагира хистероидно, некој панично, други со анксиозност, депресија или несоница. Но, од нашиот ментален склоп зависи како ќе реагираме на една стресогена состојба како Ковид – 19, вели професор д-р Методи Чепреганов во „Збор Два“.

Тој вели дека единствено решение е мерките да се почитуваат.

„Секој оној кој мисли дека вирусот не постои и може да го победи со интолеранцијата кон состојбата прави голема грешка. Овде има само едно решение сите мерки кои се препишуваат ако се превентивни мора да се почитуваат и да се има самосвест и одговорност. Во името на живото мора да го издржиме.Младите се повеќе погодени на ментален план. Затоа што младоста носи со себе многу хормони, адреналинот е покачен и тој придонесува за неконтролирани реакции.Негативната енергија не треба да раководи со нас, со негативната енергија ја шириме пандемијата“, вели Чепреганов.

Слични содржини